ИНВЕСТИТОР ВЛОЖИ 164 ИЛЈАДИ ЕВРА ВО АКЦИИ НА „ГРАНИТ“ - блок трансакција, а еве која е цената на акцијата
Објавено во: Економија 27 Март, 2024
Блок трансакција на вкупна сума од 164 илјади евра помина со акциите на нашата најголема компанија „Гранит“.
Во блокот продадени се 8.400 акции по цена од 1.198 денари за акција, што прави вкупен износ од над 10 милиони денари, или околу 164 илјади евра.
Станува збор за многу мал процент од акциите на оваа наша успешна компанија.
Инаку, последната цена по која вчера се тргуваше со акциите на „Гранит“ на редовниот пазар, е 1.230 денари по акција, а беше истргувана мала количина од 100 акции на оваа компанија.
Н.Н.Ф.