Добивај вести на Viber
Иран повеќе не е на списокот на земјите кои имаат репутација на лоши плаќачи, одлучи Cветска банка, пренесоа светските агенции.
Ова дојде откако Техеран почна да ги исплаќа сумите, земени од Светската банка, и поврзани со старите програми за развој.
Во текот на јули, одделот на Светската банка, специјализиран за обнова и развој, Иран го стави во категоријата на сомнителни плаќачи, откако Техеран пропушти да плати износи по минувањето на рок за плаќање на кредитите поголем од шест месеци.
Тоа Исламската република ја изложуваше на ризик од финансиски санкции. Таа, освен тоа, немаше да може да аплицира за добивање на нови кредити од Светската банка.