26 Април, 2024
0.0278

Иранските нуклеарки ќе издржат и силен земјотрес?

Објавено во: Свет 11 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Иако силен земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтер денеска го погоди североисточниот дел на Иран, властите смируваат дека нема опасност од проблеми со нуклеарните централи.

Иранските нуклеарни постројки и хидроелектрани се добро заштитени од кибер напади и дури и од најсилни земјотреси, изјави вчера во Женева главниот ирански претставник за заштита на човековата околина Мохамад-Џавад Мохамадизадех.

Единствениот ирански нуклеарен реактор во Бушер не е оштетен во минатомесечниот земјотрес, кога загинаа 37 лица, а 850 се повредени, соопштија ирански претставници и руската компанија која ја изгради нуклеарката.

„Голем дел од нашите електрани, вклучувајќи хидроелектрани и дури и нуклеарката, можат да издржат потрес од минимум осум степени, па до околу десет степени од Рихтеровата скала, рече Мохамадизадех и додаде дека за време на изградбата се почитуваат највисоките познати стандарди за безбедност и заштита на човековата средина.

Иранската постројка за збогатување ураниум во Натанз беше прва во јавноста позната цел за напад со компјутерски вирус на некој индустриски погон.

Вирусот Stuxnet, за кој се верува дека го развиле САД и Израел, откриен е во 2010 година, иако експертите во корпорацијата Симантек откриле една негова верзија две години порано.

Иран се наоѓа на подрачје подложно на потреси. Минатиот месец, во еден од нив, со интензитет од 7,8 степени, загина една жена, додека неколку десетици се повредени.

Можеби ќе ве интересира

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни