02 Јуни, 2024
0.0258

ИСЕЛЕНИ МАКЕДОНЦИ ОДГОВАРААТ: Што треба да се смени во земјава за да се вратат?

Објавено во: Економија 10 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Македонците кои веќе со години се надвор од државата имаат листа на критериуми за тоа што би сакале да се смени за да се вратат во Македонија, тука да живеат и работат.

Очекуваат промени на економски план, но и да се тргне политиката од секоја сфера на општественото живеење. 

За пример ги земаат и земјите каде сега живеат и од чие функционирање се задоволни.

„Според мене првата и најосновна работа која треба да се смени е да се прекрати со корупцијата, непотизмот и да се вреднува квалитетот.  За платите не можам да коментирам бидејќи немам доволно макроекономска визија, јас сум адвокат. Во Франција сум од 2008 година, дојдов после матура за да студирам. Моментално работам во адвокатска канцеларија во Париз, и не планирам да се вратам и да работам во блиска иднина во Македонија, но се враќам неколку пати годишно за да се видам со блиските“ – вели Елена Чутрова, која живее во Франција.

Ванчо Ангелески, Македонец кој живее и работи во Дубаи раскажува дека иако две години е надвор од родната земја, сепак за Дубаи смета дека е центарот на модерниот, современ, цивилизиран свет заснован на вредности, разлики и достигнувања.

Додава дека 30 религии , 90 нации, односно 9.5 милиони жители  живеат во тој дух.

„Сето ова како основа е далеку од нашата вообичаена перцепција за народ, нација, религија, права и почитување. Економијата е во интерес на подобро утре и задутре, а не само сега. Инфраструктурата е вонвременска, секој може одлично да се снајде со секој предизвик.  Куповната моќ (плата наспроти цена), е толку добра што цените и покрај  воведувањето на ДДВ од 5% на услуги и стоки, на 1.1.2018 година е компетитивна до таа мера што цените се чинат блиски на македонските во маркети, а половен автомобил може да се купи за година дена умерена заштеда (Honda, Nissan, BMW на пример). Вработеноста е чинам 100% од работоспособните не земајќи ги в предвид туристите, бизнис посетите, кратките визи и оние кои доаѓаат со друг вид виза за да бараат работа додека стекнат работна виза. Бизнис можностите и бизнис секторот се до толку напреднати што аеродромите, пристаништата, институциите, зоните се во спрега за секогаш подобри резултати и поголем напредок. На пример во економската зона Ras Al Khaima освен простор и инфраструктура, тим од професионалци, нуди и обуки, насоки и асистенција“ – раскажува Ангелески.

Тој вели дека во Дубаи нема политизираност во било кој сектор почнувајќи од образование, транспорт, економија, здравство, градежништво и друго.

„Еднаш изразив интерес  за бизнис во еден туристички бизнис забавен простор, па пред отворањето добив СМС за функционално оформување на таа можност, повикан да ја изразам таа можност. За жал поради финансиите и неубеденост во можноста да искомуницирам со инстутуции во Македонија во интерес на брзо, лесно и одржливо оформување, воспоставување и функционирање на тој бизнис (октомври – март),  морав да ја ставам идејата во мирување“ – додава Ангелески.

Смета дека народот мигрира поради различни причини и цели. Вели дека му недостига Скопје, семејството, но има пријатели од Тунис, Алжир, Египет, Филипини, Непал, Русија, Индија, Узбекистан, Мароко, Сирија, Иран, Нигерија, Пакистан.

Македонка пак која живее во Катар, вели дека кога во Македонија би имало плати од 1000 евра би се вратила да работи во својот роден град. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ИСКУСНИТЕ ДОБРО ЗАРАБОТУВААТ, А ВЕШТИНАТА БРЗО СЕ УЧИ: За оваа работа плаќаат 15 евра, но не по саат, еве за што се работи

ИСКУСНИТЕ ДОБРО ЗАРАБОТУВААТ, А ВЕШТИНАТА БРЗО СЕ УЧИ: За оваа работа плаќаат 15 евра, но не по саат, еве за што се работи

ПОЛЕСНО ДО ГЕРМАНИЈА: оленет влезот на работниците од земјите надвор од Европската унија

ПОЛЕСНО ДО ГЕРМАНИЈА: оленет влезот на работниците од земјите надвор од Европската унија

ПОВЕЌЕ КРЕДИТИ ДОБИВААТ МАЖИТЕ: бројките покажуваат дека неопходна е финансиска едукација кај жените за поголем економски раст

ПОВЕЌЕ КРЕДИТИ ДОБИВААТ МАЖИТЕ: бројките покажуваат дека неопходна е финансиска едукација кај жените за поголем економски раст

РУСИЈА СТАНА ЧЕТВРТА НАЈСИЛНА СВЕТСКА ЕКОНОМИЈА: Таа придонесува за глобалниот БДП повеќе од Јапонија и Германија

РУСИЈА СТАНА ЧЕТВРТА НАЈСИЛНА СВЕТСКА ЕКОНОМИЈА: Таа придонесува за глобалниот БДП повеќе од Јапонија и Германија

ЦЕНАТА НА ПЧЕНИЦАТА ВРТОГЛАВО ПОРАСНА - сега е на највисоко ниво во последната година

ЦЕНАТА НА ПЧЕНИЦАТА ВРТОГЛАВО ПОРАСНА - сега е на највисоко ниво во последната година

УШТЕ ЕДЕН УДАР ЗА МАСК: Тесла повлекува над 125.000 возила поради дефект на системот за предупредување

УШТЕ ЕДЕН УДАР ЗА МАСК: Тесла повлекува над 125.000 возила поради дефект на системот за предупредување

Кредитите издадени од кинескиот фонд за домување се приближуваат до 1,5 трилиони јуани во 2023 година

Кредитите издадени од кинескиот фонд за домување се приближуваат до 1,5 трилиони јуани во 2023 година

ДЗС: Поскапеа поштенските и курирските услуги во Македонија

ДЗС: Поскапеа поштенските и курирските услуги во Македонија

АКЦИЈА „НАБЕРИ САМ“: Бугарските овоштари ги пуштаат луѓето да берат цреши во овоштарниците

АКЦИЈА „НАБЕРИ САМ“: Бугарските овоштари ги пуштаат луѓето да берат цреши во овоштарниците