18 Мај, 2024
0.1409

ИСХРАНАТА И ГО СПАСИЛА ЖИВОТОТ: Поради болеста измислила диета, сега ја следат 2,5 милиони луѓе!

Објавено во: Стил 20 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Откако една вечер се вратила од ноќно излегување, Ела Вудвард (Ella Woodward), згодна девојка и некогашен модел, се чуствувала како да преживува труење со храна.

„Следното утро и разбудив и изгледав како да сум трудна. Иако испиев само неколку пијачки, се чуствував како да имам испиено четири шишиња вотка и како после тоа да ме удрил автобус“, - раскажува девојката. Поминале неколку денови, состојбата не и се подобрувала, па одлучила да побара лекарска помош. Не ни помислувала дека после првата посета на лекар ќе остане во болница четири месеци.

pasta4blog

„Ме носеа од лекар до лекар и никој не знаеше што се случува со мене. Одев на ултразвук и магнетна резонанца, дури морав да проголтам и камера како лекарите би провериле дали е се во ред со мојот дигестивен систем. Ни после колоноскопијата и цистокопијата и понатаму не знаеа што се случува, се додека еден ден кардиолог кончено не ја постави дијагнозата“, се присетува Ела.

И бил дијагностициран синдром на постурална ортостатска тахикардија, ретко срцево пореметување кое ги погодува и работата на варењето и имунитетот, а бидејќи Ела е голем противник на лекови, одлучила да измисли ежим на исхрана која ќе влијае на подбрување на нејзината состојба.

pasta1blog11-350x350

На интернет ја пребарувала нејзината болест и пронашла диета со чија помош една жена се изборила против рак, па сакача да се обиде истото. Од исхраната ги исфрлила глутенот, млечните производи, шеќерот, месото, јајцата и производите полни со адитиви, но тоа не и помогнало. Тогаш ја открила киноата, тахинито (намаз од сусам) и нектар агава и ги вклучила во исхраната.

После експериментирањата со овие намирници, Ела успеала да состави мени на својата диета, а бидејќи здравствената состојба и се поправила, членовите на нејзиното семејство почнале исто така да се хранат и истакнуваат дека од тогаш се чуствуваат одлично.

Ела тогаш одлучила да отвори свој блог и своите искуства да ги сподели со сите. Не размислувајќи дека нејзината приказна ќе биде толку читана, таа пишувала за нејзината болест и исхрана со која експериментирала, јадењата кои ги измислила и станала вистински хит на интернет.

Денеска, нејзниот блог месечно го посетуваат повеќе од 2,5 милиони корисници на интернет, на Инстаграм ја следат околу 250 илјади луѓе, слично е и на Фејсбук и Твитер, а сите тие бројки секој ден се повеќе растат.

Луѓето кои одлучиле да почнат да се хранат како неа тврдат дека се чуствуваат фантастично, дека овој начин на исхрана е одличен, а бројот на следбеници на Ела е се поголем.

b3

Таа издала и една книга со рецепти, а сите луѓе ги советува да бидат упорни и да мислат на своето здравје бидејќи тоа е само едно.

„Мислам дека мојата болест била благослов поради кој луѓето се одлучуваат за мојата диета, бидејќи ако јас можат, можат сите“, истакнува Ела Вудвард.

За сите кои се заинтересирани за исхраната на оваа девојка овде може да ја најдете нејзината страна на која ги има сите рецепти кои таа ги пишува.

Ова е нејзината страна (блог) http://deliciouslyella.com/