06 Мај, 2024
0.0362

ИСКУСТВО И ЖИВОТНА ПРИКАЗНА: Отидов во Германија со 200 евра и 2 куфери!

Објавено во: Балкан 20 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Ивана Тевих е родена Крапинчанка, Хрватска. Пред неполни две години, во 33 година од животот почуствувала силна потреба за промена.

Речиси 12 години работела во бутик, а потоа отворила и своја продавница. На, на крајот на месецот секогаш била на нула. Знаела дека тоа не е живот каков што сака.

Сакала да патува и да го открие светот, го затворила бутикот, се пријавила во бирото и одлучила да размисли што да прави со својот живот.

„Тоа лето во 2015 година ми се јави тетка од Германија, која е самохрана мајка, и ме повика со себе и своето дете на море. И ги кажав своите проблеми, а таа рече: „Дојди со мене три недели, и ќе видиш како ќе ти се допадне и што ќе правиш понатаму“.

По три недели, раскажува Ивана се вратила дома од море и им рекла на нејзините: „Мамо, тато, јас утре одам за Германија“.

„Она што ми остана во сеќавање и што никогаш нема да го заборавам е тоа утро кога заминував. Сите плачевме, тато ме прегрна, како никогаш во животот. Едноставно, како да знаеја дека нема да се вратам никогаш“, ја почнува Ивана својата приказна.

Таа го раскажува патот и тоа како не знаела јазик. По два месеци нашла и прва работа, така наречена „мини џоб“, работа со која можеш да заработиш најмногу 400 евра и каде работодавачот не ти плаќа дорпиноси.

Пакувала кнедли за супа во една фабрика. Но, тоа не и било доволно, бидејќи во Хрватска имала кредит кој го отплаќа, и така тетка и и нашла пет куќи кои ги чистела секој ден по една.

Таа вели дека оваа работа многу жени денес ја работат, но се срамат да признаат. 

„Тоа не е ништо страшно, чесно си заработуваш, и не беше лесо на почетокот. Дури во вториот месец најдов работа во дом за стари лица , каде и сега работам. Мојата работа е да подготвувам доручек за луѓето. Имаме 120 корисници, јас ги ставам на чинија нивните пецива, им го носам до соба, некој час и половина сум на машината за садови и тоа е мојата работа-говори Ивана.

Јазикот, вели најдобро се учи кога си со луѓе, па денес по година и пол престој во Германија, веќе многу добро говори германски.

„Дојдов тука и немав никаква поддршка. Имаше многу солзи, многу плачење, но сепак среќа беше што првите година дена живее кај тетка, па една на друга си помагавме. Со игра на случајот запознав германски пар каде што живеам сега. Тоа се прекрасни луѓе, а јас на нив сум им како ќерка. Ми рекоа сега кога заминував за Хрватска: „Оди дома, но врати се дома“.

Иако во Германија живеат многу Хрвати, Ивана вели дека го избегнува дружењето со нив.

„Во Германија преферирам дружење со Германци, и ги избегнувам Хрватите. Имено, на нив никако не можам да се потпрам. Се договориме нешто, па потоа не е така, а со Германците имаш свој план, распоред и секогаш е така како што сте се договорил. Луѓе кои сакаат да се почитува договореното.

Во туѓа земја не и недостигаат многу работи, можеби неделниот ручек со семејството. Во Хрватска засега не би се вратила, бидејќи сака уште да заработува и патува, а враќање во татковината секако и е во план во некоја далечна иднина.

Засега Хрватска ќе остане само дестинација за годишен одмор, па така во Крапини престојувала во изминатите две недели.

„Уште кога дојдов на аеродромот, она што прво го забележав е дека луѓето се незадоволни, намуртени, дека се во некаква борба за преживување. За разлика од Германците кои се да кажеме посветени на уживање во животот. Но, тоа е разбирливо. Тие се ситуирани и нивниот животен стандард е на повисоко ниво“, вели Ивана.

„Луѓето овде поинако ме гледаат во смисла: „Кој е како тебе, ти си отиде, лесно ти е“.

Да, но не ми беше ниту малку лесно.Отидов со последните 200 евра и 2 куфери.И ништо не ми падна од небо-заклучува Ивана.

Можеби ќе ве интересира

ХРВАТСКА: Убиена е жена, уапсен е член на семејството

ХРВАТСКА: Убиена е жена, уапсен е член на семејството

ТРАГЕДИЈА ВО АЛБАНИЈА: Поради семејно насилство мајка со трите деца се фрлила вo река

ТРАГЕДИЈА ВО АЛБАНИЈА: Поради семејно насилство мајка со трите деца се фрлила вo река

ДИЈАНА ЃОКОВИЌ, МАЈКАТА НА НОВАК ЈА ПРОМЕНИЛА ВЕРАTA: Родителите не ме учеа да верувам во Бога

ДИЈАНА ЃОКОВИЌ, МАЈКАТА НА НОВАК ЈА ПРОМЕНИЛА ВЕРАTA: Родителите не ме учеа да верувам во Бога

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

ЛОНДОН, АМСТЕРДАМ И ДУБАИ СЕ „МЕКА“ ЗА ГОСТИ БАЈТЕРТЕ! Во потрага по леб, овие четири земји се најпривлечни за нашите соседи од Србија

ЛОНДОН, АМСТЕРДАМ И ДУБАИ СЕ „МЕКА“ ЗА ГОСТИ БАЈТЕРТЕ! Во потрага по леб, овие четири земји се најпривлечни за нашите соседи од Србија

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари