Исламска држава е одговорна за нападот во Истанбул
Објавено во: Свет 02 Јануари, 2017
Група „Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот во ноќниот клуб во Истанбул на Нова година.
Напаѓач уби 39 луѓе, а рани скоро 70 лица. Во соопштението издадено денеска ИД наведува дека „војник на калифатот“ го извел нападот. Турските весници Хуриет и Карар претходно јавија дека турските безбедносни структури се сомневале дека ИД била инволвирана во масакрот. Овие весници додаваат дека осомничениот напаѓач бил од Узбекистан или Киргистан. Во меѓувреме, во Турција трага по напаѓачот.
Синоќа беше објавена фотографија од осомничениот, за кој беше наведено дека не е од Турција.