Исламска држава го призна последниот напад во Брисел
Објавено во: Свет 27 Август, 2017
Групата Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Брисел, објави АФП, повикувајќи се на пропагандната служба на групата.
Се работи за напад со нож во Брисел.
„Напаѓачот во Брисел беше еден од војниците на Исламската држава“, се вели во изјавата на изворот, цитирајќи „извор на безбедносните сили“.
Операцијата, наводно, била спроведена како одговор на повиците на меѓународната анти-џихадистичка коалиција, која оперира во Сирија и Ирак, каде што Белгија е членка.