07 Мај, 2024
0.0233

„Исламска држава“ изгубила 14% од својата територија

Објавено во: Свет 22 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

„Исламска држава“ изгубила 14% од територијата која ја контролирала во 2014 година. Ова го покажува истражувањето на британскиот институт за одбрана IHS Jane's.

Според социјални мрежи и различни извори во Сирија и Ирак, Институтот проценува дека зоната контролирана од исламистите, се редуцира со 12 800 квадратни километри помеѓу 1 јануари и 14 декември 2015 година. Значи во моментот групата контролира 78 000 квадратни километри територија.

Сириските Курди ја зголемиле тројно големината на зоната под нивна контрола, која во моментов се протега на 15 800 квадратни километри. Една од територијалните загуби на ДАЕШ е северната погранична зона меѓу Турција и Сирија, во регионот на Тал Абијад - еден од главните пунктови за преминување на турската граница, користен од џихадисти. Други значителни загуби ИД претрпела во Ирак, каде го изгуби градот Тикрит и рафинеријата во него.

Режимот на сирискиот претседател Башар Асад, исто изгубила влијание, а веќе контролира 30 000 километри квадратни (со 16 проценти помалку) од земјата со вкупна површина од 185 180 кв.км. Како што се констатира во студијата, „Сириската влада успеала да си врати дел од териториите изгубени во почетокот на годината, благодарение на руската воена интервенција во септември“.

Според податоците на ОН речиси еден милион илегални мигранти, од кои над 500 илјади Сиријци, пристигнаа во Европа по Средоземното Море од почетокот на годината.

Можеби ќе ве интересира

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

РУСИЈА ПРИЛИЧНО ОСТРО Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА ЕДНА СВЕТСКА ВЕЛЕСИЛА - „Ве очекуваат катастрофални последици“

РУСИЈА ПРИЛИЧНО ОСТРО Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА ЕДНА СВЕТСКА ВЕЛЕСИЛА - „Ве очекуваат катастрофални последици“

КАКО ДОЈДЕ ДО РАЗДОР ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО - зошто Хари и Меган го напуштија дворот, а потоа изнесоа страшни обвинувања

КАКО ДОЈДЕ ДО РАЗДОР ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО - зошто Хари и Меган го напуштија дворот, а потоа изнесоа страшни обвинувања

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците