Истражување - Колку е човекот поактивен, толку е посреќен
Објавено во: Свет 27 Мај, 2022
Дали луѓето од листите на „Форбс“ навистина се посреќни од „обичните смртници“ - на ова прашање се обидуваат да одговорат стручњаците кои ја проучуваат среќата. Првичниот заклучок гласи: Парите можат да купат поквалитетен живот, но не и среќа.
Во испитување на американските социјални истражувачи Ед Динер, Џеф Хорвиц и Роберт Емонс, кои го споредија субјективното чувство за благосостојба на сто луѓе од листата најбогати Американци на „Форбс“ и сто луѓе со просечни примања. Се покажа дека богатите луѓе во просек се само малку посреќни од луѓето со просечни примања. Никој од испитаниците не верувал дека парите се главен извор на среќа, туку самоувереноста и самовреднувањето.
Кога станува збор за слободното време, има поголеми разлики. Двете групи минуваат подеднакво време на слободни активности, но луѓето со просечни примања повеќе време минуваат на каучот пред телевизор, на социјалните мрежи и слично додека милионерите активно го поминуваат своето слободно време. Околу 22 проценти од нив пријавиле дека се занимаваат со спорт, некое хоби или доброволни корисни дејности, во споредба со 16 отсто од луѓето од групата со просечен приход.
Истражувачите откриле и дека поактивното хоби е поврзано со задоволството во животот. Односно, колку е човекот поактивен, толку е посреќен, без разлика колку пари има.
Натаму, истражувањата покажуваат дека кога купуваме работи, и тоа може да нѐ расположи, но тоа е само така наречена моментна среќа. Според Универзитетот на Британска Колумбија (Канада), материјалните работи ни носат среќа во мигот кога ги користиме и тоа може да се повторува, а искуствата ни носат поинтензивна, но еднократна моментна среќа.
Заклучокот на психолозите гласи дека со пари може да се купат повеќе работи што ги прават луѓето среќни, но прво, човекот треба да препознае што ќе го направи можеби и најсреќен.