Италија бара 76.000 работници, најбарани информатичарите
Објавено во: Мои пари 10 Април, 2016
Италијанските власти соопштија дека бараат илјадници информатичари кои би ги потполниле слободните работни места.
Министерството за труд на Италија информираше дека лани се испразнети 76.000 работни места во индустријата и технологијата. Од овие кадри, 41.8% се однесуваат за информатичари, а 30% на инженери. Од Министерството велат дека за некои струки кадар може да се најде, но има и позиции за кои нема соодветни работници. Во Италија последниве години голем број млади и високо образовани луѓе заминуваат да работат во странство.
Овие 76.000 празни работни места се однесуваат на различни италијански градови. Повеќе информации можат да се најдат на нивните сајтови со огласи за вработување.