Италија ја разбуди земјотрес, се стресе Рим
Објавено во: Свет 02 Јануари, 2017
Утрово земјотрес ја зафати Италија, при што се стресе и Рим.
Епцентарот бил на 40 км од Малтињано, кој е на 100 км од Рим.
Потресот бил со јачина од 4.6 степени, а земјотресот бил на длабочина од 10 км.
Засега нема податоци за жртви и штети.
Земјотреси утрово имало во Турција, Ирак и Грција.