Борисов свика итна средба заради мигрантската криза
Објавено во: Балкан 08 Април, 2019
Бугарскиот премиер Бојко Борисов ги повика на итна средба лидерите на граничната полиција и дел од владиниот негов тим.
На состанкот ќе се разговара за мерките на претпазливост и запирање на голема група бегалци од Грција, ако тие одлучат да се движат кон границата на Бугарија, пренесуваат бугарките медиуми.
Бугарскиот министер за одбрана веќе предложи распоредување на 3 000 војници на границата за да помогне да се спречат мигрантите.