27 Април, 2024
0.0639

ИУТЕКРЕДИТ ЈА КУПИ МОЛДАВСКАТА ЕНЕРГОБАНК И ГО ЗГОЛЕМИ КАПИТАЛОТ И БРОЈОТ НА КЛИЕНТИ - резултати за првиот квартал од годинава

Објавено во: Мои пари 26 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Иутекредит ги објави неревидираните резултати од за првиот квартал од 2022 година. 

СТРАТЕШКИ ДОСТИГНУВАЊА

Вкупниот број на клиенти се зголеми за 23,7 отсто на 850 илјади (31 декември 2021 година: 687 илјади).

Стекнување на контролен удел во молдавската Енергбанк со двоен потенцијал за дополнителни приливи на приходи со услугите на Wallet (плаќања) и раст на кредитното портфолио без зголемена девизна изложеност.

Консолидираниот биланс на состојба и капиталот на групата се удвоија на 31 март 2022 година.

Зголемена употреба на апликацијата MyIute преземена од 245 илјади клиенти (31 декември 2021 година: 181 илјади клиенти).

Тековни инвестиции во новата ИТ платформа за подобро корисничко искуство, интегирани кредитни производи и Wallet услуги.

ОПЕРАТИВНИ ДОСТИГНУВАЊА

Исплатата на кредити е зголемена за 27,9 отсто на 41,7 милиони евра (3M/2021: 32,6 милиони евра).

Број на потпишани кредити во пораст од 127,0 отсто на 73.987 (3М/2021: 32.589).

Билансот на состојба е зголемен за 5,6 отсто на 176,2 милиони евра (31 декември 2021 година: 166,8 милиони евра).

Бруто кредитното портфолио се зголеми за 2,1 отсто на 122,9 милиони евра (31 декември 2021 година: 120,4 милиони евра) од кои главнината на заемите се зголеми за 1,9 отсто на 108,0 милиони евра (31 декември 2021 година: 106,0 милиони евра).

Дисциплината за отплата (Индекс на перформанси на клиентите, CPI30) значително се подобри на највисоко ниво од 91,0 отсѕто (3M/2021: 87,9 отсто).

Нето кредитното портфолио се зголеми за 2,5 отсто на 108,0 милиони евра (31 декември 2021 година: 105,4 милиони евра).

Досегашното пуштање во употреба на 63 безкартични банкомати ја намалува потребата за пластични картички и го намалува пластичниот отпад.

ФИНАНСИСКИ ДОСТИГНУВАЊА

Приходите од камати и провизии се зголемија за 22,0 отсто на 13,1 милиони евра (3М/2021: 10,7 милиони евра) под влијание на постојано зголемување на исплатите во споредба со зголемувањето од 18,3 отсто на просечното нето-кредитно портфолио.

Нето приходите од камати и провизии се зголемија за 17,4 отсто на 8,8 милиони евра (3М/2021: 7,5 милиони евра) како резултат на зголемените каматни плаќања поврзани со издавање обврзници, додека готовинската позиција остана висока.

Вкупниот приход се зголеми за 14,4 отсто на 15,9 милиони евра (3M/2021: 13,9 милиони евра).

Соодносот на трошоците и приходите е 44,2 отсто (3М/2021: 38,5 отсто) главно како резултат на трошоците поврзани со стекнувањето на Енергбанк, закрепнувањето на деловната активност и поврзаната нормализација на трошоците, како и стратешките иницијативи и трошоците за консултации.

EBITDA приспособена за девизни/ревалоризации се зголеми за 21,3 отсто на 6,2 милиони евра (3M/2021: 5,1 милиони евра).

Нето добивка на 0,6 милиони евра (3M/2021: 1,1 милиони евра).

Силна капитализација и профитабилност – Надминати договорите за еврообврзници

Во Талин, Естонија, на 24 мај 2022 година. IuteCredit Europe („ICE“), водечка европска групација за лични финансии, денеска објави неревидирани резултати за првиот квартал од 2022 година.

„По заеднички напори во изминатите три години, ја купивме првата банка за Групацијата. Стратешкото стекнување на молдавската Енергбанк отвора двоен потенцијал на дополнителни текови на услуги за нашите клиенти и како резултат на тоа прилив на приходи за IuteGroup. Притоа, ќе еволуираме од еден давател на услуги во повеќе даватели на услуги што создава извонредно искуство за нашите клиенти. Покрај долгорочното генерирање на вредност, стекнувањето има и непосредни бенефити за IuteGroup. Консолидираниот биланс на состојба се удвои на 300 милиони евра, а капиталот се зголеми на 50 милиони евра. Сега, во следните два квартали, имаме намера во банката да го преобликуваме корпоративното управување, да поставиме внатрешни линии за комуникација и да ги усогласиме организациите и деловните метрики со принципите на IuteGroup. Преобликувањето на процесите на услуги за нашите клиенти природно ќе потрае малку подолго до 2023 година. Вистинските придобивки на банката за нашите клиенти и последователните приноси од нашите клиенти во нашиот биланс на успех треба да станат видливи во текот на 2023 година.

Во исто време, продолжува дигитализацијата на IuteGroup за уште помоќни услуги и монетизацијата на податоците. Овде, бројот на корисници на апликацијата MyIute достигна 245 илјади. Покрај тоа, IuteGroup моментално е во фаза на транзиција кон идната генерација на ИТ систем кој овозможува многу подобро управување со податоците и конверзија на податоците назад во бизнис.

Во првиот квартал од тековната финансиска 2022 година ги почувствуваме и ефектите на сите тековни интернационални случувања. Инфлацијата се почувствува низ цела Европа, оставајќи помала флексибилност за отплата на кредитите и ограничувајќи ја побарувачката за нови кредити. Така, ние сме повеќе од задоволни што квалитетот на нашите клиенти се рефлектира во високото ниво на дисциплина за отплата на кредитот, но исто така мораме да забележиме дека нашите клиенти имаат тенденција да бидат поконзервативни во преземањето нови обврски. Во крајна линија, продажбата на нови кредити не беше толку силна како што се очекуваше. Нето-кредитното портфолио порасна само за 4 милиони евра во првиот квартал (без растот што произлегува од стекнувањето на Енергбанк).

Несакан ефект имаа и руската инвазија и војната во Украина. Довербата на клиентите во Молдавија е ограничена и затоа нивното задолжување беше поограничено. Како последица на тоа, Албанија ја надмина Молдавија од март 2022 година како наш најголем пазар за потрошувачки финансии во однос на нејзиното кредитно портфолио и приходи.

Накратко, уверени сме дека повторно ќе постигнеме профитабилен раст оваа година. Се радуваме на силна 2022 година и понатаму. Нашата цел е да продолжиме да го зголемуваме бројот на клиенти, да го шириме портфолиото на услугите, да ја продолжиме дигитализацијата и на крајот да ја достигнеме целта за приходи од повеќе од 75 милиони евра за 2022 година со 300.000 клиенти кои работат. Почетната цел на годишна нето добивка е веќе надмината, па затоа новиот репер за нето добивка е 16 милиони евра“, рече Тармо Силд, извршен директор на Групацијата на IuteCredit.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“