27 Април, 2024
0.0306

ИутеКредит со хартии од вредност на Франкфуртската берза

Објавено во: Мои пари 26 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

ИутеКредит Европа, како водечка европска компанија за лично финансирање, за првпат издаде четиригодишна корпоративна обврзница (ISIN: XS2033386603). ИутеКредит е првата компанија од Естонија со  хартии од вредност на Франкфуртската берза во Германија.

Вредноста на високо осигурените обврзници е 40 милиони евра со каматна стапка од 13% и рок до 2023 година. Првиот ден за тргувањето со новите обврзници на отворениот пазар на Франкфуртската берза се очекува да биде на 7 август 2019 година. ИутеКредит потоа ќе аплицира за да ги наведе обврзниците на ЕУ регулираниот пазар во Deutsche Börse во рок од шест месеци.

Издавањето на обврзници на ИутеКредит е предводено од банки од Обединетото Кралство, Швајцарија и Шведска, а исто така беше поддржано и од меѓународна група на инвеститори и корпоративни финансиски професионалци од Германија, Бугарија, Латвија и Естонија.

“Довербата која ја покажаа меѓународните инвеститори према ИутеКредит со издавањето на нашата прва евро обврзница, ја нагласува нашата позиција како водечки, успешен и сигурен снабдувач на финансиски услуги за клиентите. Овие приноси дополнително ќе го поттикнат остварувањето на нашата мисија: Ние креираме исклучително корисничко искуство во личното финансирање преку надминување на очекувањата на клиентите на небанкарските пазари и со тоа да создадеме значајно општествено влијание во подобрувањето на квалитетот на секојдневниот живот на нашите клиенти. Земајќи во предвид дека секоја година од почетокот на 2008 година компанијата беше профитабилна, се нагласува одржливоста на нашиот бизнис модел. За нашите деловни активности, гледаме голема побарувачка од потенцијалните и постоечките клиенти за постоечките производи, како и за иновации", рече Тармо Силд, генерален директор на Групацијата ИутеКредит.

Контакт:

ИутеКредит

Кристел Курвитс, Group Chief Financial Officer (CFO)

e-mail: kristel.kurvits@iutecredit.com

Контакт телефон: +372 55 88 77 0

Евелин Кантер, Group Chief Legal Officer (CLO)

e-mail: evelin.kanter@iutecredit.com

Контакт телефон: +372 50 52 72 9

Aalto Capital (Односи со инвеститори)

Свен Паули, Консултант

e-mail: sven.pauly@aaltocapital.com

Контакт телефон: +49 89 898 67 77 0

За ИутеКредит

ИутеКредит е основана во 2008 и е водечка европска компанија за лично финансирање. Преку своите подружници групацијата е специјализирана за потрошувачки кредити, а користи учество и кредитен капитал. ИутеКредит во моментов ги услужува клиентите на Молдавија, Албанија, Северна Македонија, Косово и Босна и Херцеговина.

До 31ви Март годинава, 300 лица вклучувајќи го и менаџерскиот тим и ИТ тимот, опслужија 150000 активни кредитни клиенти и работеа со база од 430000 корисници.

Кредитните производи на ИутеКредит се необезбедени потрошувачки кредити со рок на отплата помеѓу 1 и 36 месеци и автомобилски обезбедени кредити со рок на отплата до 60 месеци.

Мисијата на ИутеКредит е да создаде исклучително корисничко искуство во личното финансирање преку надминување на очекувањата на клиентите.

www.iutecredit.com

За ФД Иуте Кредит Македонија ДООЕЛ Скопје

ФД Иуте Кредит Македонија ДООЕЛ Скопје е финансиско друштво кое работи врз основа на Решение издадено од Министерството за финансии на Република Македонија бр.13-4845/5 од 24.07.2017 година и е регистриран администратор на лични податоци од Дирекцијата за заштита на лични податоци


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“