Иванов во 17 часот ќе се обрати до јавноста
Објавено во: Македонија 07 Декември, 2018
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во 17 часот, ќе се обрати до македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија, соопштија од неговиот кабинет.
Се претпоставува дека неговото обраќање ќе биде поврзано со наводната вмешаност на кабинетот на претседателот во случувањата на 27 април минатата година во Собранието. Во судот беше кажано дека било договорено Иванов да прогласи воена состојба, но тоа поради странскиот фактор не се случило.