Избегнал смрт во напад пред 20 дена - синоќа загина во Истанбул
Објавено во: Свет 01 Јануари, 2017
Фатих Чакмак пред 20 дена избегнал смрт во напад на стадионот Бешикташ, а синоќа загина во нападот во Истанбул, пренесуваат турските медиуми.
Тој работел како дел од обезбедувањето на истиот клуб и на 10 декември кога беа убиени 45 полицајци и цивили.
Тогаш одекнаа две бомби, првата кога беше разнесен автомобил, а втората кога се разнесе човек.
Чакмак тогаш не бил повреден, но синоќа бил меѓу првите жртви.
Напаѓачот ги убил уште на влезот него и еден полицаец.