27 Април, 2024
0.0270

Избрани најдобрите трудови од конкурсот „Индустриска револуција 4.0: Како новите технологии ќе го променат сметководството во иднина

Објавено во: Мои пари 02 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

По повод 70 години од постоењето на Економскиот Факултет – Скопјепри Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје а со поддршка од Институтот на овластени ревизори на Република Македонија-ИОРРМ, Катедрата за сметководство и ревизија организираше награден конкурс на тема “Индустриска револуција 4.0: Како новите технологии ќе го променат сметководството во иднина.

Конкурсот имаше цел да ги мотивира студентите да ги истражат глобалните дигитално технолошки трендови, и како тие влијаат на сметководствено-финансиските процеси, преку автоматизација на работата и промена на улогата на сметководството во иднина. Новите технологии како големи податоци (Big data), анализа на податоци (Data analytics), 5Г мрежа, Интернет на нештата (IoT) беа само дел од темите кои беа опфатени во трудовите.

Живееме во ера на нови технологии, на нов пристап кон финасиите и сметководтвото, што севкупно влијае на работните процеси. Од сметководителите, ревизорите, лицата одговорни за финансии се бара континуирана стручна едукација, професионално усовршување но и адаптирање на технолошките трендови. Ако технолошките иновации ги прифатиме, и тие се дел од нашето работење, ќе се зголеми продуктивноста и ефикасноста на финансиските експерти. Младите генерации, студентите се оние кои наслесно и најбрзо ги прифаќаат новите технолошки трендови, а што е особено важно за напредокот и усовршувањето на професијата. Токму затоа го поддржавме овој научен предизвик, кој според пристигнатите трудови се покажа како исклучително успешен, изјави Претседателот на ИОРРМ г. Драган Димитров од ИОРРМ.

На конкурсот кој неодамна беше затворен беа пријавени вкупно осум стручни труда, а евалуацијата и оценувањето на трудовите го направи жирито составено од проф. д-р Атанаско Атанасовски, проф. д-р Зорица Божиновска-Лазаревска и проф. д-р Зоран Миновски. Како најдобри од сите пријавени трудови беа избрани:

1.  „Сметководствена револуција предводена од блокчејн технологија и паметни договори“ – Александар Пешов;

2.  „Иднината на сметководството е во облаците: големите податоци, интернет на нештата и технологијата во облак како двигатели на промената во сметководството“ – Бојан Китановиќ;

3.  „Ефекти на блокчејн технологијата во новата дигитална ера со посебен осврт на сметководството“ – Марта Хаџиевска.

Авторите на горенаведените трудови ќе ја поделат наградата за најдобар труд на конкурсот и притоа ќе добијат еднаква поединечна парична награда од 10.000 денари. Сите останати пријавени трудови, кои исто така беа добро оценети, ќе добијат пофалница и поединечна парична награда од 6.000 денари.

Паричниот фонд од вкупно 60.000 денари наменет за наградените стручни трудови го обезбеди Институтот на овластени ревизори на Република Македонија. Притоа, Катедрата за сметководство и ревизија на Економскиот факултет – Скопје изрази огромна благодарност до ИОРРМ за поддршката и финансиската помош за организирање на овој конкурс и додаде дека се надева дека ќе бидат реализирани уште многу успешни активности и дека соработката помеѓу факултетот и ИОРРМ ќе продолжи и во иднина.

ИОРРМ е основан во 2006 година со основна цел промовирање на високи професионални стандарди и подобрување на квалитетот на ревизорските услуги. Издава уверение за ревизор, спроведува обуки и контрола на квалитетот на сите членови на Институтот.

Во прилог сите осум пријавени трудови.

1.  „Како технологиите од индустриска револуција 4.0 се интегрираат во ЕРП системите“ – Мила Костова;

2.  „Придобивки, можности и ризици од користење на дигитални технологии во доменот на сметководството“ - Милица Трајковска;

3.  „Иднината на сметководството е во облаците: големите податоци, интернет на нештата и технологијата во облак како двигатели на промената во сметководството“ - Бојан Китановиќ;

4.  „Концепт и карактеристики на Cloud технологијата и нејзиното влијание врз сметководствената практика“ - Кристина Миловановиќ;

5.  „Сметководство на исполнување на законските обврски наспроти сметководство на менаџмент и помагање на процесот на одлучување“ – Петар Силјановски;

6.  „Сметководствена револуција предводена од блокчејн технологија и паметни договори“ – Александар Пешов;

7.  Ефекти на блокчејн технологијата во новата дигитална ера со посебен осврт на сметководството - Марта Хаџиевска;

8.  Сметководствената професија во ера на Blockchain технологијата - Андријана Димитријевиќ.


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“