ИЗДРЖАЛЕ ТРИ ДЕНА ПОД СНЕГ: Уште четири лица преживеани во Италија
Објавено во: Свет 21 Јануари, 2017
Спасувачите извадија уште четири лица од под урнатините на хотелот кој се урна од снежна лавина во Италија.
За другите вести чекаат нивните роднини. Алберто Мајоло, портпаролот на пожарната служба соопшти дека се најдени вкупно 11 лица живи.
Освен нив, четворица биле мртви, а преживејаа сите четири деца кои биле во хотелот кој во средата беше затрупан на планинскиот врв Гранд Сасо.
Во хотелот со 12 вработени биле и 24 гости.
Спасувачите со лопати го тргаат снегот од патот затоа што патиштата се завеани.