18 Мај, 2024
0.0435

Изгласани законските измени кои ќе го третираат отворањето на бугарските клубови

Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Во Собранието денеска беа изгласани измените и дополнувања на Законот за здруженија и фондации, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, а поддршан и од владеачкото мнозинство.

За измените на Законот за здруженија и фондации „за“ гласаа 67 пратеници, ниту еден против и воздржани. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации се донесе по скратена постапка.  Изгласан беше и Законот за полититички партии, во кој се осудува фашизмот.

Предлогот беше поднесен со цел да не се дозволи во иднина да се регистрираат организации со контроверзни историски имиња, по примерот на бугарските клубови „Иван Михајлов“ во Битола и „Цар Борис Трети“ во Охрид.

- Мора да ја зајакнеме моралната и политичката посветеност на нашата влада и институциите за да обезбедиме можност идните генерации да ги разберат причините за пандемијата на омраза и лудилото од Втората светска војна, во која Македонија даде повеќе од 25 000 жртви, од кои 7 144 Евреи, рече Рашела Мизрахи, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката Соња Мирковска од НСДП рече дека во потполност го поддржуваат предлогот на опозицијата за измените на овој закон.

- Како владејачка партија учестувавме во изработката на овој закон за да стане пооперативен и практично го носиме заедно. Сметам дека после се она што се случуваше е исклучително важно да се оградиме од таквите случувања, да не дозволиме да ни се формираат такви здруженија во државата, и ова е начинот како може да се стави браната, наведе Мираковска.

Во измените има член кој забранува да можат да бидат употребувани имиња, презимиња, прекари, псевдоними, кратенки и иницијали, на лица кои по кој било основ, начин или форма во минатото се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстреминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх.

Мислења ќе дава новоформираната Комисијата за употреба на имињата на историски личности, како советодавно тело, а одлуката ќе ја формира самиот министер.

Здруженија и фондации регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и фондации кои нема да ги усогласат одредбите согласно став 1 од овој член, се бришат од Регистарот, за што министерот за правда донесува одлука. Министерот за правда е должен да донесе одлука за престанок на истите, во рок од четири месеци од денот на влегување на сила на овој закон.



Можеби ќе ве интересира

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија