17 Јануари, 2025
0.0287

ИЗГОР ДАВАЧКА: Поскапува регистрацијата – ова се новите цени!

Објавено во: Македонија 12 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Заедно со одлуката да поскапат патарините, вчера беше донесена и одлука за зголемување на надоместокот за користење на јавни патишта за моторни и пприклучни возила. Популарната патна такса, влегува во трошоците за регистрација на автомобилот, кои на овој начин се зголемија значително.

Така, сега моторните возила со зафатнина на моторот од 900 до 1.350 кубни сантиметри ќе плаќаат 1.520 денари, наместо 1.060 денари како претходно; тие до 1.800 кубици ќе плаќаат 2.180 денари наместо досегашните 1.530; а тие со зафатнина на мотор до 2.500 кубни сантиметри ќе ги чини 2.910 денари, наместо досегашните 2.040 денари.

Возачите при регистрацијата на моторните возила задолжително мора да достават и докази за подмирени давачки, во кои спаѓа и надоместокот за користење на јавните патишта.

Согласно Законот за јавни патишта, висината и начинот на плаќање на надоместок за употреба на јавните патишта за моторни и приклучни возила (патна такса), ја пропишува Владата на Република Македонија, во зависност од категоријата на возилото, носивоста и/или зафатнината и јачината на моторот. Имателите на моторни возила што подлежат на регистрација надоместокот за употреба на јавните патишта го плаќаат при регистрација на возилата.

Финасиските средства прибрани на овој начин треба да се користат за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на јавните патишта и за работење на Јавното претпријатие надлежно за овие дејности.

Според последните податоци, Македонците плаќаат меѓу највисоките цени за регистрацијата на своите автомобили. Основните трошоци за регистрација на возило со зафатнина од 2.000 сантиметри кубни, пред последното поскапување кај нас чинеа 200 евра, на кои се додаваат уште 90 евра за зелен картон. Во Србија за регистрација се плаќа 180 евра, во Косово 170 евра, Босна и Херцеговина 175 евра, а во Бугарија само 110 евра. Поската регистрација плаќаат само Словенците - 310 евра и Хрватите 450 евра.

Но, разликата е уште поочигледна ако се земат просечните примања во сите овие земји. Тогаш Македонците стануваат апсолутни „лидери“ бидејќи трошат околу 85% од просечната плата за регистрација на автомобилот. Во останатите земји тој процент се движи меѓу 25% и 60% од просечна плата.

Можеби ќе ве интересира

ЛА НИЊА НА НАЈЈАКО: Студ и снег ќе имаме и во следните месеци, можна појава на снег дури и во април!

ЛА НИЊА НА НАЈЈАКО: Студ и снег ќе имаме и во следните месеци, можна појава на снег дури и во април!

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс