ИЗЈАВАТА НА МАКРОН ГО ИЗРАДУВА ЗАЕВ: Северна Македонија и ЕУ се подготвени за следниот чекор!
Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2020
Претседателот на СДСМ и екс премиер, Зоран Заев се огласи по изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека ќе дозволи почеток на преговори, но само ако има позитивни извештаи.
Според Заев, стигаат вести дека ЕУ е подготвена во целост да ги препознае и потврди резултатите кои ги постигна нашата земја.
„За голем дел од тие резултати оддавам огромно признание на пратениците од мнозинството и на сите други пратеници кои се бореа и кои во моментов се борат за европските вредности и за изградбата на подобра држава. Сега повторно повикувам на одлучност, Собранието нека биде уште еднаш место каде што одговорноста на пратениците ќе ја потврди нашата определба за правна држава и за одење напред кон Европската Унија. Северна Македонија и Европската Унија се подготвени за следниот чекор!“, пишува Заев на Фејсбук.
Но, Макрон инсистира на реверзибилност, транспрентност и членство во ЕУ само ако земјите од Западен Балкан ги исполнуваат условите.
Франција, Холандија и Данска беа земјите кои лани беа против одлуката Македонија и АЛбанија да ги почнат преговорите со ЕУ.