Излечете воспаление на увото со помош на лук
Објавено во: Стил 11 Септември, 2015
Сите знаеме дека лукот е исклучително здрав, но, дали знаевте колку широка примена во здравствени цели има оваа билка?
Може да се јаде свеж, но воглавно се додава во храната како зачин, а неретко се употребува и во сосема поинакви цели, како на пример за чистење скара.
Секако, она што е најважно е тоа дека лукот може да се употребува како лек.
Воглавно се употребува за лекување симптоми на грип и настинки, но може да се користи и за лекување на инфекции на уво.
Ако ве боли увото, односно имате некој вид инфекција, може да се излекувате со помош на едно чешне лук.
Чешнете исчистете го и отсечете ги краевите, така да остане само средината. Таа средина ставете ја во уво и преспијте така. Лукот ќе ја омекне смолата и ќе го олесне чистењето на увото, а ќе ви влијае и против инфекции па така ќе ја отстраните болката.