Измената на уставните амандмани службено објавена
Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2019
Во Службен весник денеска и официјално се објавени одлуките за прогласување на уставните амандмани донесени во петокот во македонското Собрание, како и одлука за прогласување на Уставниот закон за нивно спроведување.
Со тоа и службено од 12 јануари стапуваат во сила изгласаните уставни измени, со тоа што, според Преспанскиот договор, нема да важат доколку грчката страна не го ратификува истиот во својот парламент.
По уставните измени, се очекува службено да бидат објавени и ратификуваниот договор со Грција во македонското Собрание и законот за употреба на јазиците, за кои претседателот Ѓпрѓе Иванов се закани дека нема да ги потпише нивните укази.