ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Цената на „црното злато“ се вивнa во облаци
Објавено во: Економија 24 Септември, 2018
Расте цената на нафтата.
„Црното злато“ денеска има за два отсто повисока цена, затоа што американските санкции го ограничија иранскиот извоз.
Некои трговци прогнозираат дека цената на нафтата ќе оди дури и до 100 долари за барел.
Северноморската нафта „брент“ сега ја има највисоката цена од мај годинава, од 80,47 долари за барел, што е скок од 1,63 долари или за преку 2,0 проценти, пред незначително да падне на околу 80,40 долари на утринското тргување во 7:30 часот по ГМТ.
Поголемо производство на нафта во светот на дневна основа засега нема да има, одлучија земјите кои се членки на ОПЕК.
Откако американскиот претседател, Доналд Трамп се закани дека го чуваат Блискиот Исток, а тие одбиваат да го зголемат производството, цената на американската нафта ,,lake” (WTI) падна на 0,2 отсто.