Израелката Лијан Насер е првата идентификувана жртва од масакрот
Објавено во: Свет 01 Јануари, 2017
Лијан Насер(19) од Тире е првата идентификувана жртва од масакрот во Истанбул, кој се случи синоќа кога напаѓач облечен како Дедо Мраз пукаше во клуб.
Девојката е од мешовит израелско- арапски град.
Таа со три другарки дошла за Нова година во Истанбул, но тие имале среќа и преживеале, а едната е ранета во ногата.
Убиени се повеќе од 39 лица, а повредени се над 60 синоќа во Истанбул.
Меѓу нив има странци од повеќе земји.