Извршителите се гневни и се координираат како да возвратат
Објавено во: Економија 28 Септември, 2018
Извршителите се гневни откако Владата ги презентираше ставките што законски ќе се намалат во нбивниот тарифник и се координираат како да го возвратат ударот, дознава „Фактор“.
Во моментов испланирано им е да се состанат вонредно и да се договорат како ќе делуваат, односно првенствено да се изгради заеднички став и реакција, поради тоа што сметаат дека ваквата одлука на власта рапидно ќе влијае на намалувањето на нивните приходи.