05 Мај, 2024
0.0238

ИЗВРШИТЕЛСКИ МАКИ ГОЛЕМИ: Најава за вжештување на протестите против извршителите

Објавено во: Економија 09 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Додека извршителите трупаат пари родители ги праќаат дури и децата надвор од државата да печалат за да ги исплатат илјадниците денари поради блокираните сметки кои некогаш изгледаат толку парадоксално.

Со најава за поголеми протести денеска се заканија активистите од организацијата “Стоп за Извршители” доколку надлежните не воспостават силна правно-институционална рамка. Голготите на дел од овие активисти одат дотаму што за два ипол денари заостаната камата од земен кредит во 2007-ма година кичевчанката Злата Штерјоска сега треба да плати околу 600.000 денари. Таа за ова ја информираше јавноста од денешниот протест против работата на извршителите кој се одржа во Скопје.

Штерјоска раскажува дека кредитот го исплатила уште во 2008 година.

-Во целосна сума исплатив 224.000, оставила намерно банката камата од 2.5 денари само да биде кредиот отворен. После судска пресуда сегде се водеше нигде не го доставува уплатата на овој извод што го има од банката“, вели таа.

Стоп на присилната наплата, отпис во целост на старите долгови и укинување на каматата се дел од барањата кои ги доставија денеска  Марјан Ристески и незадоволните граѓани на протестот.

Извршителските маки ги споделија многумина а дел од протестот биле и граѓани кои ротестираат против БЕГ.

„Јасни се нашите барања. Отпис на старите долгови, отпис на каматите кај јавните претпријатија и државните фирми и да се стави мораториум на извршувањата и каматите да се запрат. Не може банката да оди во крајност. Ревизија на криминалот. Има кривични пријави, одговара специјален јавен обвинител, одговараа судии, политичари, но ниту еден извршител и нотар не одговара“, вели еден демонстрант.

Имено, вкупно 23 милиони евра изнесува вкупната добивка на сите извршители во државата пресметана за последните  години.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години