30 Април, 2024
0.0310

Ја пронашле најстарата порака во шише: Еве што пишувало во неа!

Објавено во: Стил 22 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Изгледа дека е пронајдено досега најстарото писмо во светот, и тоа откако испливало на бргот и „ги пронашло“ своите приматели после 108 години, пренесува британски Индепендент. Германската миротворка Мариана Винклер била на одмор на отокот Амрум кога го пронашла шишето во која ја видела пораката „Скрши го шишето“, и не било возможно пораката да се извади без оштетување на шишето. „Мојот сопруг Хорст се обиде внимателно да ја извади пораката и без да го оштети шишето, па само одлучивме да го послушаме испраќачот“, раскажува Мариана. Пораката била напишана на германски јазик, и пишувало дека кој и да ја пронајде пораката, нека ги пополни информациите за себе и пронаоѓачот и доставениот прашалник и шишето во замена за „шилинг“ да ја врати во Плимут во седиштето на „Marine Biological Association“ -морска биолошка асоцијација. Така и направиле и по пошта ја испратиле својата порака, а сите се воодушевиле. Се работи за едно од 1020 шишиња кои помеѓу 1904 и 1906 се фрлени во Северното море во рамки на истражување за силата на морските струи. Тогаш научниците барале разни начини за проучување на морето и неговото „однесување“, а многу шишиња кои од тој проект се пронајдени се во краток период. Некои испливале на брегот, некои ги пронашле рибари, а некои пак не се пронајдени никогаш. Германски пар сега чека Гинис да потврди дека тие се наоѓачи на досега најстарата порака во шише, а сегашната рекордерка е стара 99 години. И да се - го добиле ветениот шилинг.