18 Мај, 2024
0.3864

ЈАДЕТЕ ЦРВЕН КРОМИД: Ги убива ќелиите на рак, запира крварење на нос, го штити срцето и што ли не!

Објавено во: Стил 22 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Некои го обожаваат, некои го мразат поради лутината или пак лошиот здив кој останува после него. Меѓутоа препорачливо е да го јадете од многу поздрави и поефективни причини. Со готвењето на кромидот се убиваат лековитите својства. Токму затоа црвениот кромид треба да се јаде сиров, односно необработен. Комбинации има навистина многу, може да го јадете како прилог на речиси секој ручек. Можеби токму овие факти за здравата улога на црвениот кромид ќе ве поттикнат почесто да го уоптребувате во вашето мени: 1. Го запира растот на ќелиите на рак Кромидот е богат со сулфурни соединенија кои го штитат телото од рак на желудник, дебело црево, градите, белите дробови и простатата. Тој е ефикасен во борбата против бактерии во уринарниот систем. 2. Го контролира дијабетесот Црвениот кромид го зголемува производството на инсулин. Ако сте дијабетичар, имате добра причина редовно да јадете свеж сиров кромид. 3.Лечи затвор (запек) Имате мака со затвор, ќе ви помогнат влакната кои се наоѓаат во сировиот кромид. Тој ги исфрла токсините и тврдите честички на храна од цревата. 4. Помош за воспалено грло Од црвен кромид може да си направите сок. Тој брзо ќе ве излечи настинка или грлоболка. 5.Проблеми со крварење од нос Ве мачи ли често крварењето на ноц? Црвениот кромид може да го запре крварењето. Ако крвта упорно тече, мирисајте црвен кромид некое време. 6. Го штити срцето Ако јадете кромид редовно, тој ќе ви го заштити срцето од кардиваскуларни болести. Кромидот го контролира и високиот крвен притисок и ги отвара запушените артерии. 7. Го контролира нивото на холестерол Сировиот кромид го контролира холестерот и го намалува лошиот холестерол во крвта.