14 Мај, 2024
0.0241

Јадете луто за подолг живот

Објавено во: Стил 08 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Новото истражување на кинески професори, покажува дека луѓето кои јадат зачинета и лута храна речиси секој ден, имаат 14% поголеми шанси за подолг живот.

Истражувачите четири години го следеле здравјето и исхраната од 487.375 луѓе, на возраст од 30-79 години кои биле запишани на еден факултет во Кина.

Резултатите покажале и дека љубителите на зачинета храна, имаат помала веројатност да умрат од рак и срцеви и респираторни болести, од оние кои зачинета храна јадат ретко.

Освен тоа, се покажало и дека лутата и зачинета храна е добра и за зголемување на нивото на тестостерон.

Инаку, лутата храна има својство и против дебелината, а чили пиперките имаат и антиоксидантни, антивоспалителни и антиканцерогени својства.