Јанева тврди дека и без „бомбите“ имаат докази
Објавено во: Македонија 06 Март, 2019
И без „бомбите“ СЈО има докази, вели специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.
Таа е задоволна од законот, а како најважно го истакнува тоа што со него се овозможува сите предмети кои ги отворила да продолжат.
Јанева потенцираше дека надвор од прислушуваните разгвовори имаат и други докази за истрагите кои ги водат по 30 јуни 2017-та. Меѓу нив е и „Попис“, во кој е осомничен лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Но, Јанева не прецизираше дали има доволно докази овде и кога ќе покрене обвинение.
Јанева најави отворање на поголеми предмети за висока корупција.