Јанушев го повика Груевски да се врати
Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2019
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, синоќа на ТВ24 го повика поранешниот премиер Никола Груевски да се врати во државата за да ја отслужи затворската казна.
На дуелот кој тој го имаше со министерот за администрација, Дамјан Манчевски, на прашањето дали партијата се залага Груевски да се врати во Македонија, Јанушев рече дека јавно го повикуваат да се врати во државата.
На тоа, Манчевски го праша и дали го повикуваат покрај враќањето и да ја одлежи затворската казна, на што тој му одговори: „Да, еве јавно го повикуваме“.