04 Мај, 2024
0.2961

Јанушев му врачи мандатно писмо на Заев: Да не дели тендери во еден хотел во Источна Македонија

Објавено во: Македонија 03 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Да се врати старата цена на струјата, да престане да дели криминални тендери во еден хотел во Источна Македонија, да расчисти со Рашкоски и Леонардо, со Ден Дончев и Диамед. Ова се дел од 15 барања кои ВМРО-ДПМНЕ ги има до премиерот Зоран Заев. Игор Јанушев, генералниот секретар на партијата рече дека му ги испраќа во име на народот како мандатно писмо. 

„Да ги врати назад на работа 40 илјади кои изгубија работни места во ковид-кризата поради лошите и ненавремени економски мерки;

Да им помогне на лозарите кои во ек на бербата на грозјето не знаат дали воопшто и по која цена ќе биде откупено нивното грозје;

Да се врати старата цена на струјата, затоа што има скапа струја, а сиромашен народ;

Да се намали цената на бензините преку укинување на зголемената акциза;

Да се обесштетат стопроцентно измамените штедачи од Еуростандард банката и да се открие кои компании од Струмица се примачи на кредитите без покритие:

Одговорност за министерката на Заев, Нина Ангеловска, која за разлика од илјадниците други граѓани на време си ги извади парите од Еуростандард банка;

Апсолутна правда за сите, да се тргнат рацете од судството и обвинителството;

Веднаш да се реши проблемот со децата во градинките кои поради ковид-кризата се изложени под ризик и за кои нема соодветни адекватни просторни услови за згрижување;

Да го видиме планот за колапсот кој се случува во образованието. Македонија е една од ретките држави каде доцни стартот на учебната година, и кризата која трае од март ги изненади владините институции кои за жал се уште немаат никаков план;

Филипче да замине од Министерството за здравство затоа што неговата неспособност ја плаќа народот со своето здравје и живот;

Заев да престане да раздава стотици илјади денари државни плати, бидејќи народот нема за леб;

Заев да престане да троши милиони евра за набавка на скапи и луксузни автомобили, бадеми и лешници затоа што сто илјади граѓани живеат со помалку од 50 денари дневно;

Да ги разјасни десетиците нерасчистени убиства, палење на домови и автомобили;

Да престане да дели криминални тендери во еден хотел во Источна Македонија;

Конечно да се удри мафијата која денес е едно исто со власта, почнувајќи од Заев па се до постапки за Ден Дончев и „Диамед“, за Рашкоски и Леонардо, за функционерите со кокаин, за градоначалникот шверцер на цигари и сите останати, а не се малку;

„Заев ова мандатно писмо мора итно и неодложно да го спроведете до крај, во спротивно народот го бара мандатот назад. И само да ве потсетам дека ќе има одговорност за неспособноста и криминалот“, вели Јанушев.

Претседателот на Владата Зоран Заев на денешната втора седница, на министрите и министерките им ги врачи мандатните писма со утврдена мисија и задачи во нивниот четиригодишен мандат.

Можеби ќе ве интересира

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите