ЈАПОНИЈА И ПОНУДИ НА РУСИЈА НЕШТО НЕОЧЕКУВАНО: Ако прифатат тоа ќе биде финансиска бомба!
Објавено во: Свет 17 Март, 2017
Пакет предлози, вкулучувајќи мерки за туризам и рибарство, но и заедничка електронска валута ќе бидат претставени во текот на разговорите меѓу Русија и Јапонија утре во Токио.
Како што пренесоа јапонските медиуми, новата крипто валута би можела да се користи наместо руската рубља и јапонски јен, а се очекува да допринесе и за развојот на јужниот дел на Курилските острови и северното јапонско подрачје Хокаидо.
Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова рекла дека Москва е подготвена да ги разгледа предлозите на Токио, додавајќи дека сите тие мораат да биде согласно со руските закони.
Проблемот со Курилските острови датира од крајот на Втората светска војна, кога Русија го доби архипелагот во своја контрола на Декларацијата од Потсдам, но тоа Јапонија никогаш не го прифати.