05 Мај, 2024
0.0253

ЈОРГОС ПАПАНДРЕУ ЗА ФАКТОР МАГАЗИН: Горна Македонија е прифатливо решение

Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Поранешниот премиер на Грција што на маса го стави предлогот за додавка Северна Македонија, како ерга омнес, не исклучува и друга слична географска додавка. Нема расположение кај актуелната грчка влада Македонија во НАТО да биде примена со референцата ФИРОМ.

Во интервјуто што Горазд Чомовски го сними за вечерашното издание на Фактор магазин на ТВ 24, Папандреу се потсетува дека имал десетина средби сo екс премиерoт Никола Груевски.

“Секогаш кога ќе се сретневме, во Брисел, на конференции, се сеќавам кога бевме во Либија, ќе седневме и вложувавме многу напори да најдеме заедничко решение, прифатливо за две страни. За мене, тоа не беше протокол.Тоа беа вистински обиди за изнаоѓање решение. За жал, такво нешто не се случи. Не знам дали постоеше политичка волја од страна на Груевски, но јас и понатаму се надевам”.

Според екс грчкиот премиер и шеф на дипломатијата, Владата во Атина не е расположена Македонија да влезе во НАТО со актуелната референца ФИРОМ .

“Мислам дека задржувањето на привременото име само ќе го одржува проблемот. Се надевам дека постои добро расположение кај грчката страна. Не сум дел од грчката Влада и не зборувам во име на владата, но верувам дека владата е расположена да се најде решение. Колку подолго избегнуваме да најдеме решение,толку тоа ќе биде потешко. Вие не го сакате тоа име, ние не велиме дека го сакаме тоа име. Зошто да не најдеме нешто кое ќе биде прифатливо за обете страни?”

...”Проблемот со симболиките е што често имаат свое потекло во историјата, митологијата. Дел од тоа е историја. Тоа е вистина. Имавме граѓански војни, имавме светски војни. Во тие времиња, македонското прашање било актуелно. Ние го велиме следното. Да ја ставиме историјата во заден план, знаеме каква е историјата, но треба да се осигуруваме дека во иднина нема да дојде до претензии за Големи...Имавме претензии за Голема Србија, Голема Албанија, Голема Грција, Голема Македонија. Мораме да се оддалечиме од такво нешто. Мислам дека сакаме да го решиме ова прашање.Изнаоѓањето решение на ова прашање би било многу важно. Го велам ова бидејќи...да ги погледнеме позитивните страни. Обете земји имаат многу заеднички работи. Имаме заеднички економски интереси. Работиме заедно. Со години се прават големи инвестиции.Имаме културни и верски врски кои постојат со векови. Имаме заеднички одбранбени интереси. Мораме заеднички да ги решаваме регионалните прашања. Целиот Балкан, посебно Западен Балкан повторно се отвора. Сакаме да дојде до вистински напредок кон Европските структури.Се надеваме дека од кризата ќе излеземе посилни. Во интерес е на двете страни да го решиме овој проблем. Замислете нашите земји да соработуваат интенвизно. Не само за нашите две земји,туку за целиот регион. Можете ли да замислите каква порака ќе му носиме на светот, на регионот и на ЕУ?”


Интервјуто со Јоргос Папандреу ќе биде емитувано вечерва во 20 и 45 во Фактор магазин  на ТВ 24. Во политичко–економскиот магазин  ќе ги видите и рекциите во дел од бугарската јавност за спорот со името и Договорот за добрососедство, од поранешниот заменик министер за надворешни работи и амбасадор  Љубомир Којчуков, кој беше прв преговрач со властите во Скопје.

Во  Фактор магазин  и репринт на ставот на Гојко Јаковлевски, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ дека лидерот Груевски треба да се повлече од челната позиција на опозициската партија.

Можеби ќе ве интересира

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца