05 Мај, 2024
0.0326

ЈСП: Колку нови автобуси ќе се купат за 10 милиони евра ќе зависи од понудите

Објавено во: Економија 13 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Точно е дека ќе се позајмат десет милиони евра, но бројот автобуси кои ќе се купат ќе зависи од понудите на добавувачите, објаснуваат од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), откако Фактор објави дека скопските власти најавуваат 40 автобуси, а во објавата од ЕБОР кој е кредитор стои дека станува збор за 50 еко автобуси со придружни објекти.

„Градоначалникот Петре Шилегов неодамна најави набавка на нови 40 автобуси, а во неколку наврати претходно најави набавки на 30 автобуси.Единствено што засега е познато е висината на заемот која е утврдена на 10 милиони евра. Бројот, пак, на купените возила ќе зависи од пазарните услови и од понудите на потенцијалните добавувачи. Во моментов, се врши истражување на пазарот за утврдување на моменталните цени, а во секој случај набавената количина зависи од техничката спецификација на предметот на набавка и цените/понудите кои ќе бидат доставени на тендерот“, стои во објаснувањето од ЈСП.

Оттаму велат дека во тек е анализата за типот на возилата, односно колку и каков тип (соло или зглобни) се потребни за проширување на возниот парк на ЈСП Скопје. Тоа, како што додаваат, што и овој момент ќе биде еден од факторите кои ќе влијаат врз конечниот број на возила што ќе се купат, имајќи во предвид дека цената на автобусите од различен тип е различна. Тврдат дека постапката за јавната набавка ќе ја реализира ЕБОР според нејзини правила и процедури.

„Јавно сообраќајно претпријатие - Скопје има намера да ги искористи средствата од заемот од Европската банка за обнова и развој [ЕБОР) за проект за делумно обновување на автобуската флота, преку снабдување со автобуси на природен гас. Предложениот проект, кој има проценета вредност од 10 милиони евра, ќе бара набавка на следните стоки, работи и услуги:

Набавка на околу 50 CNG автобуси и придружни објекти

Тендерот за горенаведените договори се очекува да започне во втората половина на 2018 година“, стои во објавата од ЕБОР.

Инаку, кредитот ќе биде со каматна стапка од 1 отсто, 3 години грејс период и 7 години рок на отплата. Тендерот ќе биде распишан на есен а до крајот на годинава се очекува да биде избрана фирмата од која ќе бидат набавени. Предвидено е 2​/3 да бидат зглобни нископодни со капацитет за 150 патници, а остатокот единечни. 

Од вчера официјално ја почнавме постапката за набавка на 40 нови еколошки автобуси на гас кои ќе го променат јавниот транспорт во градот и нема да ја загадуваат околината. Управниот одбор со поддршка на ЈСП и Град Скопје ја почна постапката за добивање кредит од Европската банка за обнова и развој во висина од 10 милиони евра - рече градоначалникот Шилегов.

Според проценките на Градот и ЈСП„Скопје“ заштедата која ќе ја има претпријатието со новите автобуси на гас споредбено со кинеските дизел е 60 евра од еден автобус дневно, односно годишно со набавката на 40 автобуси ќе се заштедат од 700.000 до 900.000 евра.


Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години