02 Мај, 2024
0.0253

Јункер: Овие популисти и глупави националисти ги сакаат само своите држави

Објавено во: Свет 23 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Овие популисти, националисти, глупави националисти ги сакаат само своите држави, изјави првиот човек на на Европската комисија, Жан Клод Јункер. 

Тој вели дека е свесен за заканата, која ја претставуваат националистичките политичари за европската солидарност, која е главна цел на ЕУ.

„Тие не ги сакаат оние кои доаѓаат од далеку. Јас ги сакам оние кои доаѓаат од далеку. Ние треба да постапуваме солидарно со оние кои се во полоша ситуација од нашата“, вели Јункер за Си-ен-ен, во пресрет на европските избори.

На прашањето дали антиевропските сили поуспешно ја мобилизираат својата база од проевропските, Јункер оценил дека секогаш е полесно да се мобилизираат негативните отколку позитивните сили.

Тронка надеж, Јункер гледа во тоа што се случуваше по одлуката Британија да ја напушти ЕУ во 2016 година.

„Од Брегзит, бројот на оние кои се за ЕУ порасна бидејќи луѓето гледаат што се случува и видоа дека излегувањето од ЕУ не е толку лесно како што им било речено“, истакна тој.

Јункер вели дека сака да заврши процесот на Брегзит, затоа што, како што објаснува, тој ѝ штети на општата атмосфера во Европа. Смета и дека Британците треба да го поддржат планот на премиерката Тереза Меј, кој е договорен со ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа