05 Мај, 2024
0.0293

Јусуф Миракхмедов доби кривична - се товари за злоупотреби во „Фени“

Објавено во: Македонија 06 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Управата за финансиска полиција поднесе втора кривична пријава против поранешниот директор на „Фени“, Јусуф Миракхмедов, поради основано сомение за злоупотреба на службена положба и овластување. 

Според Директорот на Управата, Арафат Муареми Миркахмедов направил отпис на незастарени побарувања на „Фени“ со што се сомничи дека ја оштетил фабриката за 51.505.526 американски долари.

„Пријавениот Ј.М. во својство на главен извршен директор на правниот субјект ‘Фени Индустри’ АД Кавадарци, ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што донел Одлука за отпис на незастарени побарувања на ‘Фени Индустри’ АД Кавадрци која е со невистинита содржина, спрема правно лице со капитална поврзаност ‘Кунико маркетинг фзе’ од Обединето арапски емирати – Дубаи, со цел да овозможи противправна имотна корист за споменатото правно лице, со што предизвикал штета на „Фени Индустри“ со вкупна вредност од 51.505.526 долари или 2.903.593.124,00 денари“- рече Муареми.

Првата кривична пријава од Финасиската полиција против поранешниот директор беше поднесена минатиот месец. Инспекторите утврдија дека Миракхмедов незаконски отуѓувал залихи на фероникел и друга руда од фабриката врз кои банките имале заложно право.

Директорот Муреми рече дека истрагата во „Фени“ продолжува и не е исклучена можноста за поднесување нови кривични пријави.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник