КАБИНЕТОТ НА ЦИПРАС: Дискусијата за било какво име е празна содржина, ако прво не се исполнат предусловите
Објавено во: Балкан 18 Мај, 2018
Дискусијата за било какво име е празна содржина, ако прво не се исполнат предусловите на Владата, велат од кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, во соопштението испратено до медиумите, ја повторуваат вчерашната изјава на Алексис Ципрас по средбата со Зоран Заев дека поминат е голем дел од патот, но сѐ уште постои растојание што треба да се помине.
Се бара ерга омнес со уставна ревизија како неопходен предуслов за да постои договор и спроведувањето на уставната ревизија како неопходен предуслов за интеграција во меѓународните организации (ЕУ-НАТО), соопштуваат од кабинетот на Ципрас.