Каде Грците ги селат фирмите?
Објавено во: Балкан 24 Октомври, 2016
Околу 15 000 Грци почнуваат свој бизнис во Бугарија или во оваа земја ги селат фирмите.
Тие регистрирале нови компании во даночните служби на Бугарија само во првата четвртина на 2016 година, пишува весникот Global Times, повикувајќи се на податоци од грчката амбасада во Софија.
Во просек по десетина сметки се отвараат во бугарските банки на ден.
И покрај предупредувањата на грчкото Министерство за финансии дека лицата што избегнуваат плаќање данок, ќе се соочат со строги казни, неколку мали и средни грчки претпријатија го преселија бизнисот во Бугарија, за да го избегнат зголемувањето на даноците во Грција.
Според податоците на грчката амбасада, во 2015 година бројот на грчките компании регистрирани во Бугарија, бил над 13 000, додека во 2013 година тој бил само 9.000 Данокот на корпоративните профити во Грција изнесува 29%, додека во Бугарија е 10%.