05 Мај, 2024
0.0259

Каде има поевтина струја од таа што ја плаќаме по унгарска цена?

Објавено во: Економија 29 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Дали уште треба цената на струјата што се постигнува на берзата во Унгарија да биде референтна за македонскиот пазар и домашните фирми да плаќаат по тие цени? Кратката анализа на „Фактор“ за тековните цени покажува дека на бугарската берза се постигнуваат и пониски цени, а количината на истргувана струја дури е и поголема од таа во Унгарија. Зошто никој од надлежните не направи анализа за потребата од референтната цена ХУПЕКС која сега веќе е камен околувратник на многу домашни компании, институции, јавни претпријатија?

Бугарската берза ИБЕКС во последно време обезбедува релативно пониски пазарни цени на струјата во споредба со унгарската берза ХУПЕКС, покажува споредбата што „Фактор“ ја направи на цените кои се постигнати на двете берзи во последните шест дена тргување (вклучително и денешната цена која беше постигната на тргувањето вчера).
Од споредбата е забележливо дека во овој период цената на струјата на бугарската берза особено во последните работни денови е пониска од цената на струјата на берзата во Будимпешта. А при тоа се случува на бугарската берза истргуваните количини струја да се поголеми од тие истргувани на пазарот во Будимпешта.

Речиси десетина години наназад кај нас се зема за референтна цената што се постигнува на берзата во Унгарија.

Во периодот кога се усвои тоа правило берзата за струја во Унгарија беше најликвиден организиран пазар за тргување со струја, а берзите кои сега постојат во нашата околина и не беа во функција или не беа ниту основани.

Но во овој период од десетина години речиси секоја од земјите во нашето пошироко опкружување има берза за електрична енергија која и на дневна основа дава транспарентни ценовни сигнали.

Дури и белегот со ликвидноста на унгарската берза повеќе не е аргумент затоа што бугарската берза во последно време има дури и поголем промет (во истргувани мегаватчасови н.з.) од нашата референтна берза која се наоѓа во Унгарија.

Дополнително простор за размислување за промена на правилото за референтна берза дава и тоа што Бугарија или Србија ни се соседни земји и трговците треба да направат помал трошок затоа што ќе закупат капацитет за пренос на струја само на една граница. Наспроти тоа ако и физички струјата се увезува од Унгарија треба македонскиот трговец со струја да закупи капацитети за пренос на две граници: унгарско – српска и српско – македонска. Тоа струјата во најголем број случаи ја прави поскапа односно генерира повисоки оперативни трошоци.

Оваа опција вреди да се разгледа барем во ова време полно со неизвесности во енергетиката со посебен акцент врз снабдувањето со електрична енергија.

Користени информации на следните линкови https://hupx.hu/en/ и https://ibex.bg/%d0%b4%d0%b0%d0%bd%d0%bd%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d0%b0%d0%b7%d0%b0%d1%80%d0%b0/%d0%bf%d0%b0%d0%b7%d0%b0%d1%80%d0%b5%d0%bd-%d1%81%d0%b5%d0%b3%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d1%82-%d0%b4%d0%b5%d0%bd-%d0%bd%d0%b0%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%b4/day-ahead-prices-and-volumes-v2-0/

Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра