Каде ќе завршат „нечистите“ дизелаши? Не се осудуваат да кажат
Објавено во: Свет 26 Август, 2017
Германските сопственици на старите дизелаши би требало да добијат и до 10 000 евра од таканаречена еколошка премија ако одлучат да се откажат од своето возило.
Многу од тие автомобили, пишува Дојче веле би можеле да завршат на истокот од Европа, помеѓу останатото и во Полска.
Компанијата за увоз на половни автомобили „Global Imports“ моментално во понудата нема автомобили со дизел мотори.
„Во последно време се помалку се занимаваме со дизелаши, шефот се поретко ги порачува“, вели еден продавач. Но ниту тој не ја исклучува мможноста дека тоа би можело да се промени ако Германија воведе таканаречена еколошка такса за старите дизелаши.
„Многу за тоа во браншата моментално се зборува“, вели тој но додава дека никој моментално не се осудува да прогнозира што би можеле да значат промените за полскиот пазар на половни автомобили.
Како што пишуваат германските медиуми, повеќето стари дисели би требало да бидат испратени на отпад. Во замена, нивните сопственици, ако се одлучат на купување нови „чисти“ автомобили, би требало да добијат премија која би можела да изнесува и до 10 000 евра.
Такви ветувања има од Фолксваген и Ауди. БМВ, Мерцедес и Тојота најавија 2000 евра премија. Меѓутоа, овие компании не планираат да ги уништуваат овие дизелаши кои повеќе не се за германскиот пазар. Така да овие автомобили би можеле да завршат на истокот од Европа, помеѓу останатото и во Полска.
Полскиот пазар на автомобили последните години е во постојан раст, само од 2015 до 2016 г. според некои проценки, за цели 20 отсто.
„Прашањето е на кој начин ќе се спроведе отстранувањето на овие автомобили од германските патишта. Дали ќе бидат уништени или едноставно продавани понатаму, преку граница“, вели Јакуб Фарус претседател на полското здружение на трговци со автомобили.