05 Мај, 2024
0.0280

КАДЕ ШТО Е НАЈГОЛЕМ ЗАГУБАР, ТАМУ МУ „ВИСАТ“ И СУДСКИ СПОРОВИ ОД 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА - што открија државните ревизори за МЖ Транспорт

Објавено во: Економија 29 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

Државниот завод за ревизија го објави ревизорскиот извештај за Железници Транспорт, со кој се дава мислење за работењето на оваа државна компанија за 2020 година.

Ревизорите констатирале дека пресметката на платата за вработените не е согласно законските и подзаконските акти.

Дел од наодите на ревизорите се и дека ова друштво во државна сопственост постојано прави годишни загуби од работењето, но и дека има недоволно средства на годишно ниво за субвенционирање на трошоците за патнички сообраќај од Буџетот на земјава, како услуга од јавен интерес. 

Оваа компанија која е вечен загубар, може да влезе во уште поголема дупка, бидејќи ја тужат за голема сума пари од различни страни, и тоа на вкупна сума од дури 2,5 милиони евра, па доколку ги изгуби споровите, состојбата може да биде уште понеповолна.

„Судските постапки кои се во тек, а во кои тужена страна е МЖ Транспорт се на износ од 154.018.000 денари (2,5 милиони евра - н.з.)“, се вели во извештајот на Државниот завод за ревизија. 

Потоа, констатирано е и дека е нереално проценета вредноста на активата, а со посебен акт не е утврден ниту начинот на вршење попис и тој не е целосно спроведен заклучно со испитуваната, односно 2020 година. 

Исто така, ревизорите откриле и дека необјектибвно се искажани позициите за краткорочни побарувања од купували и краткорочни обврски кон добавувачи. 

И, она што исто така е многу битно, уловени се и недоследности во постапките за доделување договори за јавни набавки. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години