Каде „заглави“ ДИК - ќе има ли лидерска средба?
Објавено во: Македонија 16 Јули, 2018
До крајот на неделата ако нема исход за ДИК, премиерот Зоран Заев најави одржување на лидерска средба.
Комисијата за избори и именувања, предводен од опозицијата, ја прекина работата во фазата на листи со кандидати. За почеток на работата, претседателот на Комисијата, пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ, Илија Димовски бара консензус меѓу политичките партии, за да ги продолжат постапките за прочистување на листите, за избор на кандидатите и нивно предлагање до Собранието за гласање.
Премиерот негира дека амнестијата за насилството во Собранието е услов за деблокирање на ДИК.
Неопходно е да се состави ДИК за организирање на референдум на кој ќе се гласа за промена на името, односно за она што е прецизирано со Договорот од Преспа.