15 Мај, 2024
0.0338

Како да добиете работа според човекот кој вработува 100 луѓе неделно

Објавено во: Стил 01 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

„Гугл“ секоја недела вработува по 100 нови луѓе, а Laszlo Bock е како потпретседател на човечки ресурси во компанијата задолжен за донесување на одлуки кој е а кој не е „Гугл“ материјал.

Во интервју за „Њујорк Тајмс“ тој го даде еден од најдобрите совети како да се претставите себе си како иден работодавач.

Според неговите зборови, вашата цел на разговорот за работа треба да биде да се претставите себе низ специфични вештини и особини и да и покажете на компанијата на кој начин тие ќе имаат корист од вас. Раскажете приказна од своите претходни искуства, не е доволно само да наброите факти. Доколку на претходните работи внесовте некоја новина, покрај тоа што ќе кажете што и како сте го направиле тоа објаснете и зошто.

„Многу луѓе на разговорите за работа не ги изразуваат на најдобар начин своите мисли кога треба да објаснат како и зошто нешто направиле, дури и кога имаат добра приказна, не знаат да го објаснат својот процес на мислење“, вели Bock.

Еден од најзначајните совети се однесува на пишувањето CV или пропратно (мотивационо) писмо.

Bock вели дека кога се пишува за себе, вештините треба да се нагласат со споредување на себе со другите во вашата индустрија. Неговиот образец за ова гласи: „Постигнав Х, што е важно за Y, работејќи за Z“. Тоа го објаснува вака: „Многу луѓе едноставно би напишале: „Пишував статии за „Њујорк тајмс“ , а подобро би било да кажат „Објавив 50 статии, што е значајно повеќе од просекот кој е шест статии по пишувач, а тоа го постигнав благодарение на стручноста која ја поседувам во таа област, во рок од три години“.