28 Април, 2024
0.0500

Како да го транфсормирате бизнисот во екот на новата технолошка револуција?

Објавено во: Економија 21 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Светот влезе во ерата на четвртата индустриска револуција. Брзиот развој на технологијата покажува потенцијал на радикален начин да ги менува сегашните професии и индустрии, а обемот на активностите што можат да бидат автоматизирани се шири и на сфери што беа резервирани исклучиво за луѓе, како управување со возила, превод, пишување на статии, редење на производи и многу други активности.

Индустрискиот робот Бакстер со две раце и анимирано лице, способен да изврши полесни задачи како дотур, сортирање и пакување на артикли, не се заморува, не користи годишен одмор и чини 25.000 долари.

Во јавноста често се создава слика дека технологијата ги уништува добро платените работни места, долгите кариери и сигурни пензии, но технологијата исто така креира нови професии за навидум неповрзани индустрии, особено професии во кои доминираат когнитивни и не-рутински работни задачи, како и работни процеси што користат нестандардизирани компоненти и протоколи.

Благодарение пак, на дигиталната трансформација во сите индустрии, а особено во малопродажбата, осигурувањето и во телекомуникациите, континуирано се трансформира работењето и прилагодувањето на услугите и решенијата за корисниците.

Водечките компании ги следат моделите на успешните трансформации, а нивните аспирации се максимално насочени кон можностите и предностите што ги овозможува „новото време“.

Можностите што ги нуди вештачката интелигенција, роботиката, 3Д технологијата, нанотехнологијата и паметните уреди се неограничени и поврзуваат услуги и нудат екстраможности за поефикасно работење. Во таа смисла, компаниите можат на своите корисници да им понудат интегрирани решенија и услуги и голема слобода при изборот, во зависност од потребите.  

Едно од таквите паметни интегрирани решенија кои се целосно во чекор со новите, унапредени потреби на современото живеење е Magenta 1Business пакетот на Македонски Телеком, што нуди неограничени разговори во фиксните и мобилните мрежи, супер брз интернет и бесплатни Cloud услуги за паметно работење.

Со ова решение, корисниците добиваат и буџет за набавка на смартфон, лаптоп, телевизор, принтер, компјутер, таблет по личен избор и тоа само со потпишување договор на 24 месеци. Деловните корисници на Magenta 1Business пакетот можат да ја изберат најдобрата интерактивна телевизија MaxTV за во канцеларија, а со услугата  MaxTV GO таа станува достапна и во движење, преку кој било уред. На овој начин, секој деловен корисник на Magenta 1Business ги добива сите потребни решенија на едно место и во една сметка.

Ваквиот особен раст на продукти и услуги, напредни можности и безмалку неограничени капацитети за складирање на податоци го зголемуваат бројот на сервиси што можат да се понудат на деловните корисници, бидејќи и покрај природната еволуција на индустријата, луѓето и натаму се еден од клучните фактори на економските активности.

Повеќе информации за побарајте на telekom.mk во делот за деловни корисници, на 120 или во најблиската Телеком продавница.


Можеби ќе ве интересира

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка