05 Мај, 2024
0.0245

Како да го запрете рчењето?

Објавено во: Стил 25 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Рчењето е проблем кој предизвикува не само непроспиени ноќи на човекот до вас, но е и штетно за вашето лично здравје.

Тоа е така поради големиот недостиг на воздух во мозокот предизвикан од тешкотиите при вдишувањето и издишувањето.

Најчесто рчење се предизвикува од затнување на носот, нездрав начин на живот, прекумерна тежина. Исто така зависи и од возраста, атлетско тело, разни болести, некои поврзани со алкохолот и пушењето. Некои лекови можат да бидат предуслов за појава на рчењето и најчесто недостаток на спиење.

Вежбите и согорувањето на телесните масти помагаат за запирање на рчењето. Избегнувајте лекови пред спиење и опуштете ги мускулите добро, бидејќи тоа помага за подобар сон.

Исто така, обидете се да си изградите режим на спиење во исто време. Многу е важно да одите на спиење секоја вечер навреме и да спиете по 8-9 часа. Ова помага за намалување на рчењето и секакви надворешни проблеми кои имаат врска со таа појава.

По веројатно е да рчите, ако имате затнат нос. Освен ако затнувањето не е предизвикано од механичка бариера, која бара хируршка интервенција, а е потребно да се направи се што е можно за да го прочисти носот од секретот.

Постојат и некои вежби кои многу добро ќе влијаат врз рчењето. Редовните комплетни тренинзи по 30 минути на ден се задолжителни за сеопфатен тонус на организмот, а вежбите за грчењето одземат само неколку минути, но е потребно да ги правите секој ден по 2-3 пати.

Вежби за грло:

Кажете ааа-еее-иии-ООО-ууу силно со отворено грло. Повторувајте ја оваа вежба 3 пати на ден.

Затворете ја уста и збрчкајте ги усните силно. Држете така 30 секунди. Потоа започнете да движите со усните уште 30 секунди.

Со отворена уста движите ја вилицата десно и задржете ја 30 секунди. Повторете ја вежбата и на левата страна.

Со широко отворена уста почнете контракција на мускулите на задниот дел на грлото, кој го движи јазикот откај гркланот.

 Направете ја и таа вежбата околу 30 секунди.