Како да купите хрватски остров и да го направите царство
Објавено во: Балкан 17 Февруари, 2017
Хрватска има 1.200, поголеми и помали острови од кои педесетина се населени.
Околу 80% се во сопственост на државата, а 20% се на приватни сопственици и можат да бидат продадени.
Околу 20 острови сега се продаваат и тоа преку агенција. Цените се шаренолики, од 10 евра до 140 евра по квадрат.
Се продава и Мали Космац со 5000 метри квадратни површина, кој е дел од Шибенскиот архипелаг.
Јасминка Билишков, сопственичка на агенција за недвижности вели дека интересот е солиден, а купувачите се странци.
„Најголем проблем е нашата спора администрација. Сопствениците мора да ги имаат сите документи, вклучувајќи го и утврдениот поморски појас кој го одредува државата“ - вели таа.
На островите не е дозволена градба, ако претходно немало нешто градено.