Како да работите за друг, а да бидете свој газда!
Објавено во: Економија, Стил 02 Февруари, 2016
За сите оние кои сакаат самостојност и преферираат повеќе работни задачи со флексибилно работно време – фриленсер е поимот за кој треба да размислите.
Во случај ако во скоро време сте останале без работа, овај тип на работа може многу да ви помогне да застанете на „здрави нозе”, додека не најдете нешто друго што повеќе ви одговара.
Што е фриленсер?
Фриленсер е термин кој се користи за личност која е самовработена и нејзината работа не е директно поврзана и зависна за ниеден работодавец. Таа извршува задачи и управува со проекти за некоја(а најчесто повеќе) компании или институции.
Фриленсери се често некои високи квалификувани и специјализирани за одредени работи ( на пр. PR, менаџери, програмери, новинари, уредници, професори…)
Како да станете фриленсер?
Ако одлучивте да си занимавате со оваа работа, најважниот адут ви е вашето знаење. Искуство, професионализам и промоција се најважните работи кои треба да ги имате за да бидете успешен фриленсер.
За да се промовирате себе си направете си ваша лична веб-страна или блог каде ќе ги понудите вашите услуги, секогаш достапен телефон и препораки од ваши претходни работни искуства.
Предности и мани
Предност на оваа работа е тоа што фриленсерите имаат различни работни задачи, флексибилно време и можат самите да планираат кога ќе работат. На овај начин се среќаваат многу луѓе и се прават контакти многу повеќе отколку во класично работно место.
Една од најголемите мани на оваа работа е неизвесноста во работата и приходите. Недостаток се и бенефициите(пензиско, здравствено осигурување и сл) што би ги добивале на класично работно место.